Кадис приреди сензација во шпанската Примера, откако славеше против големата Барселона со 2:1. За Кадис ова е прва домашна победа и прва во Ла Лига уште од мај 2006 година. Цели 14 и пол години немаа добиено никого на свој терен во прволигашки меч, а малерот го разбија против Барселона.
Победничкиот гол го даде 35-годишниот Алваро Негредо, само 43 секунди откако влезе во игра и Кадис пред 30 сезони последен пат ги имаше победено и Реал Мадрид и Барселона во иста сезона, а и оваа сезона истото се случи. Во прилог видео од победничкиот гол на Негредо и грешката на Тер Штеген:



