Бордот на ФИБА Европа информираше вториот квалификациски турнир од „Б“ групата за пласман на Евробаскетот 2022 година, да се игра во Перм. Односно во улога на домаќин да биде Руската кошаркарска федерација.
Натпреварите ќе се одржат во периодот од 19. до 21. февруари, 2021 година, во Арената „Молотов“ во Перм. Согласно со првичниот календар за натпреварување во групата „Б“, на 19. февруари треба да се играат натпреварите Македонија : Русија, односно Италија : Естонија. На 21. февруари пак се закажани мечевите Македонија : Италија, односно Русија : Естонија.
Извор и фото: https://kfsm.mk/



