Битолски Еурофарм Пелистер е во сериозна резултатска и играчка криза каде што на натпреварот од Лигата на Европа од Д групата, во Словенија загубија од Тримо Требње со резултат од 28:24, на полувреме беше 14:12.
Македонскиот преставник постојано бркаше негатива, а домаќинот го контролираше резултатот и беше во предност за конечен триумф. Бабиќ на клупата на Еурофарм никако да најде победничка формула и оваа сезона сеуште немаат постигнато победа во Европа.
Во победничкиот тим на Тримо Требње убедливо најдобар стрелец беше Лука Флорјенчич со дури 11 гола, додека за гостите од Битола Стипе Мандалиниќ имаше 5 гола зад своето име.



