Зад нас е 2.коло во женската сениорска кошаркарска лига, кое делумно се играше изминатиот викенд. Во дуел од втората рунда во групата-Исток каде што се натпреваруваат девојките на Жаклина Стојановска каде што тимот на ЖКК Вардар гостува кај тимот на ЖКК МЗТ Скопје Аеродром.
Дамите од ЖКК Вардар влегоа како фаворит во средбата и ја оправдаа улогата. Во сите четири периода доминираа и од дел во дел успеаа да ја зголемат предноста. На крајот победија со високи 49.поена разлика. Триумфот на ова гостување во салата „Независна Македонија“ дојде со резултат 41:90.
Вардарки по 2. кола со максимални 4. бода се на врвот на табелата, во воведната рунда во „Кале“ беа подобри и од Пробаскет. По само две кола веќе ЖКК Вардар има неверојатни 102 коша позитива, досега постигнаа 190 поени, а примија само 88 коша.



