Вчера се одржа необична борба во Русија, и тоа во сенка на спектаклот меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс, каде што се бореа еден јутјубер тежок 240 кг, Григориј Чистјаков и 63 кг тешката професионална ММА-натпреварувачка Дарина Маџјук.
Девојката е на почетокот на професионалната кариера, во која има четири победи и еден пораз, но покажа дека има вештина да совлада и многу поголем противник од неа.
Јутјуберот се обиде да ја фати противничката и да ја совлада, но таа го издржа големиот притисок додека судијата не ги раздвои, по што испрати неколку удари и го испрати ривалот на рингот.



