Велешанецот Тоше Ончев кој по заминувањето од грчкиот тим Фаикас Корфу, се врати во македонската Суперлига во тимот на Работнички и игра во одлична форма веројатно од пролетната полусезона ќе го засили Македонскиот и Европскиот првак РК Вардар. Ончев и порано беше дел од првиот тим на Вардар и забележа настапи во СЕХА, а има интернационално искуство и во француските Вернуј и Вернон.
Според информациите до кои стигна www.javisejuzna.mk Тоше Ончев треба да го надополни ростерот на Вардар со Македонски ракометари кои ќе му бидат потребни на тренерот Стевче Алушевски во натпреварите од Суперлигата каде бројот на странци е ограничен.



