Шведската фудбалска ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ, пред неколку недели објави фотографија со дресот на Шведска и така крена бура од коментари во неговата земја.
Ибрахимовиќ потоа кажа дека тоа била провокација за луѓето во Шведска, но очигледно тоа не е вистина, барем така може да се заклучи по зборовите на шведскиот селектор, Андерсон.
Андерон бил во Милано, каде што имал состанок со Ибрахимовиќ и добил позитивен одговор од напаѓачот за враќање во репрезентацијата, и тоа за првпат откако ја напушти во 2016 година.



