Војдан Стојановски и неговиот Гравелин имаа нималку лесно гостување во Денаин (екипа од ПРО Б лигата), каде го одиграа натпреварот од 1/16 финалето од Купот на Франција, а по голема борба и дополнителни пет минути од планираните 40, членот на француската ПРО А лигата славеше со резултат 107:100.
Притоа Стојановски реализираше ефект од осум поени, плус три асистенции и два скока. По задолжителното ПЦР тестирање по враќањето во Данкерк, Стојановски ќе им се приклучи на своите репрезентативни соиграчи на патот кон Талин и ќе му се стави на располагање на селекторот Александар Тодоров за средбите против репрезентациите на Италија и на Естонија.



