Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ја освои наградата „Златно момче“ за најдобар млад фудбалер во Европа која традиционално ја доделува весникот „Тутоспорт“.

Халанд го освои првото место пред играчот на Барселона, Ансу Фати и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен. Во топ десет се уште Џејдон Санчо, Едвард Камавинга, Дејан Кулушевски, Фил Фоден, Доминик Собослаи, Букајо Сака и Винисиус Жуниор.
Халанд е првиот Норвежанец и првиот скандинавец воопшто кој ја освоил оваа награда.



