Пораз за ЖРК Куманово во првиот натпревар против екипата на Галичанка од Украина во рамките од 3 коло од ЕХФ купот со резултат од 33:17. Кумановки на мечот во Лвов одиграа квалитетно и рамноправно прво полувреме кое што го завршија со негатива од три гола или со резултат од 11:8.
Сепак украинскиот состав одигра фуриозно второ полувреме и со висока разлика го доби натпреварот со краен резултат од 33:17. Веќе по првиот меч македонскиот тим е пред елиминација и на реваншот исто така што се игра во Лвов ќе игра за престиж.
Во победничкиот табор на Галичанка голманката Гладун имаше фантастични 18 одбрани, а во листата на стрелци се истакнаа Дмитришин со 7 и со 5 гола Фурманец. Во тимот на Куманово во листата на стрелци се запишаа:
Бранкица Марковиќ 1 гол, Мила Трајковиќ 4 гола, Тамара Ивановска 1 гол, Александра Боризовска 4 гола, Ана Шарановиќ 2 гола, Медеа Чокели 2 гола, Јована Кипријановска 1 гол и Амела Џакмиќ 2 гола. Голманката Катерина Митровиќ имаше убави 11 одбрани.
Фото: ЖРК Куманово



