Македонскиот младински репрезентативец Ардијан Аземи загуби од Русинот Владислав Комаров во полуфиналето на Европското првенство во бокс во Будва на поени со 3:2 во категоријата до 91 килограми и со тоа го освои бронзениот медал.
За Македонија ова е прв боксерски медал од 1995 година, кога Примислав Димовски се закити со бронза на Европското првенство во Турција. Сепак е голем успех и малку недостигаше да се бори за најсјајното одликување.



