Ракометарите на ГРК Охрид под раководство на Раде Стојановиќ првиот круг во А групата од Супер лигата го поминаа со перфектен скор, победувајќи на сите шест мечеви.
Серијата мечеви ја започнуваат в недела на домашен со дуелот против Голден Арт КЛ7, потоа една рунда се слободни, а во третата ќе се сретнат со Радовиш на гости.
Во четвртата рунда, Охрид, силите ќе ги одмери со Пролет, а во петтата на програмата е „Езерското“ дерби во Струга. Во финалните две рунди Охрид го пречекува Јуниор КВ, а гостува кај тимот на Астраион.

Фото: ГРК Охрид



