Британецот Луис Хамилтон со триумфот во Истанбул,Турција стигна до седмата Формула 1 титула во историјата со што се израмни со легендарниот Михаел Шумахер. Најдобриот снукер играч во светот, Рони О Саливен даде изјава за медиумите во која што кажа дека Формула 1 возачот, Луис Хамилтон не е сигурен во која категорија да го смести бидејќи тешко е да се каже дека заслужува место покрај големите великани во светот и да е меѓу најдобрите во светот.
О Саливен смета дека освен возачот во Формула 1 голема улога игра и болидот, а Хамилтон го има најдобриот болид на патеката и единствен конкурент му е тимскиот колега Ботас, кој е задоволен со второто место и пред да почне натпреварувачката сезона. О Саливен меѓу другото прави комперација дека не би било фер и во неговиот спорт дупките да се поголеми кај него и на тој начин тој да бил во предност пред останатите.



