Маестрална игра во текот на сите 40 минути за убедлива победа на МЗТ Скопје Аеродром во пресметката со Борац Бања Лука со резултат од 99:75, трета во низа сезонава во АБА 2.
МЗТ Скопје Аеродром со скор 3:1 го заврши настапот на Златибор и тоа како второпласиран на табелата. Андрија Бојиќ со 24 и Олуфеми Олуџоби со 22 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека веднаш зад нив беше Хасани Гравет со 19 поени. Следниот турнир од АБА 2 е најавен за во јануари следната година.



