Втора победа по ред за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на турнирот на Златибор од АБА 2-лигата и тоа во пресметката со босанскиот претставник Широки кој заврши во полза на македонскиот тим со резултат од 80:73. До триумфот МЗТ дојде апсолутно заслужено, со контрола врз играта и резултатот речиси во сите 40 минути.
Феми Олуџоби со 24 поени беше најпрецизен во сино-белиот состав, Дамјан Стојановски постигна 15 поени, Тодрик Гочер дополни со 11 поени, а Андреј Магдевски застана на седум поени, меѓу кои беше и тројката за потврда на триумфот, како и двете прецизни слободни во пенал-завршницата.
Последен противник на МЗТ Скопје од првиот од трите предвидени турнири од регуларниот дел од првенството во АБА 2 ќе биде Борац Бања Лука, меч кој ќе се одигра во среда од 17 часот.



