Нашата женска сениорска репрезентација на Македонија ја чека квалификацискиот турнир за ЕП 2021 година кој ќе биде реализиран во периодот од 12. до 14. ноември во Рига.
Првиот натпревар на собирот во Рига, против селекцијата на Хрватска, избраничките на селекторот Владимир Ѓоровиќ ќе го одиграат од 15.30 часот. Вториот е закажан за 18.45 часот, а ќе разигруваат Германија и Летонија.
Нашите девојки ќе играат во истиот термин, 15.30 часот, и на вториот натпреварувачки ден, на 14.ноември, во кој за противник ја имаме селекцијата на Германија. Турнирот во Рига ќе биде затворен со средбата Хрватска-Летонија која стартува во 18.45 часот.
Извор и фото: https://kfsm.mk



