ФИБА направи промени на календарот за ноемврискиот квалификациски термин, па мечот на нашата најдобра кошаркарска селекција против Италија ќе биде одигран на 28, а не на 27 следниот месец.
Тоа на нас ни одговара затоа што периодот за собир, тетстирање, подготовки, па и патување на црвено жолтите во Естонија беше скратен и набиен.
Ова е инаку трет квалификациски прозорец за Европското и прв во таканеречениот балон, а нас освен дуел со Италија во Талин не очекува и соочување со Естонија на 30 ноември.



