Жарко Пешевски имаше одличен настап за тимот на Штутгарт каде од два упатени удари кон противничкиот голман постигна два гола, а неговиот тим дојде до вредна победа од минимални 29:30 и ја запишаа третата бундеслигашка победа во првенството.
Новите два бода го донесоа тимот на Пешевски на осмото место во Бундес лигата со седум бода, еден повеќе од Магдебург. Гостите на полувреме имаа комотна предност од 12:18, но во вториот дел одиграа значајно послабо полувреме и со минималец запишаа нови два бода.



