Борко Ристовски имаше одлична партија од 18 одбрани и четири голови за Вардар 1961 во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Порто (25:25) и сосема заслужено се најде во тимот на колото во изборот на Европската ракометна федерација.
На листата на ЕХФ се и левото крило на Целје Пивоварна Лашко, Тилен Кодрин, левиот бек Сандер Сагосен (Кил), средниот бек Игор Карачиќ (Келце) и десниот бек Алекс Дујшебаев (Келце) десното крило Никлас Екберг (Кил) и Виктор Итуриза (Порто).



