Најдобрата светска ракометарка, романката Кристина Неагу беше подложена на оперативен зафат и само што започна да се опоравува и да размислува да се врати на теренот, нејзиниот тест за коронавирусот покажал дека бил позитивен.
Неагу била спремна да се појави во репрезентативниот камп, но со оваа ситуација се менува планот и нема да настапи па таа извесен период ќе биде во самоизолација и ќе пропушти неколку натпревари.
Исто така ракометарката ќе го пропушти натпреварот од Лига на шампиони за нејзиниот тим ЧСМ Букурешт на гостувањето во Норвешка. Репрезентативните колешки нема да бидат подложни на тестирање, бидејќи не биле со неа во контакт, додека нејзиниот клуб ќе биде тестиран од коронавирус.



