На тешкото гостување во Андора тимот на Хувентуд предводен од македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ дојде до тешка но сосема заслужена победа од 87:89 предводени од одличниот Димитријевиќ кој зад своето име запиша 12 поени, 7 асистенции, 3 скока и 2 украдени топки.
Сосема спротивен учинок, но во првенствен натпревар во Франција искусниот македонски репрезентативец Војдан Стојановски со тимот на Данкерк загуби на гостувањето против Ле Ман со резултат 69:64. Македонскиот капитен имаше очаен учинок покрај поразот тој за време од осум поминати минути на терен не постигна ниту еден поен, а имаше само по една украдена топка и скок.



