Синоќа во СЦ „Јане Сандански“ се одигра контролен натпревар во кој МЗТ Скопје Аеродром славеше против МЗТ Скопје Уни Банка со (76:63). Кај МЗТ Скопје Аеродром најефикасни беа Филип Бакоч, кој собра 15.поени и 7.скока. Еден помалку имаше Феми Олуџоби, а и покрај скратениот број на минути, капитенот Дамјан Стојановски уфрли десет поени имаше и пет скока, додека кај “младите”металци Леонид Тодоровски (19.поени), Андреј Андоновски (14) и Лука Савиќевиќ со 13.реализации.
Нешто порано, во малата сала на СРЦ „Кале“ силите ги одмериjа екипите на Вардар и ТФТ. На крајот подобри беа „вардарците“ кои, изненадувачки, победија со двоцифрена разлика (74:64).
Третиот контролен натпревар се одигра во Кавадарци. Во салата „Јасмин“ гостуваше екипата на Академија ФМП. А кошаркарите на Еуро Никел 2005 славеа со убедливи (77:53).



