Стружанка загуби од Вардар со 20-30 (полувреме 12-14) во напревар од првото коло на Женската лига. Во овој натпревар недостасуваа многу ракометарки на домаќинот кои пружија силен отпор во првото полувреме. Најдобри стрелци кај победникот беа Сара Миновска со 9 и Ивона Трпевска со 7 погодоци, додека кај Стружанка се истакнаа Ивана Затуроска со 9 голови и Теодора Дукоска со 5.





