Ракометарите на Пролет ја остварија втората победа oткако лесно славеа над Астраион со 32:24 (полувреме 14-10). Најефикасни во Пролет беа Давор Палевски и Александар Василевски со по 9 гола, додека кај гостите Мите Караиванов со 8 погодоци.
Екипата на Бутел дојде и до втората победа oткако славеше против составот на Младост 1977 со 33:23. Мирко Мајиќ со 14 кај Бутел и Мите Стоилов со 7 кај Младост беа најефискасни во своите екипи.



