Во интересен меч во кој десеткуваната Струга без класичен десен бек поради отсуството на Мехиќ и Лакичевиќ и левото крило Игор Илиевски стигна до голема победа дома против Јуниор Кисела Вода во второто коло од Суперлигата.
Во првиот дел гостите предводени од поранешниот голман на Струга, Александар Стојаноски кој правеше чуда на голот стигна до водство од 7-10 на полувреме. Во вториот дел одличната тактика на тренерот Танески кој постави игра со два пикера во нападот која даде резултат, надополнети со одличната игра во дефанзива надополнети со одбраните на Влатко Затаракоски, стружани стигнаа до целосен пресврт и голема победа од 22-20. Најпрецизни во Струга беа Пеце Рајатоски со 6 и капитенот Богдан Николиќ со 5 голови, додека во Јуниор КВ прво име беше Милутиновиќ со 7 погодоци.



