Супер Лига Мажи
19:00 часот РК Јуниор К.В. – РК Пролет 62 20-26 ( полувреме 7-15)
Екипата на Пролет 62 лесно славеше во првото коло од Групата А против Јуниор Кисела Вода со 20-26. Најдобар кај победникот беше Палевски со 7 гола, додека кај Јуниор Милутиновиќ со 8 гола.
19:00 часот Голден Арт Кл-7 – ГРК Охрид 23-29 (полувреме 8-17)
Тимот на Охрид на стартот на новата сезона во Суперлигата славеше на гостувањето кај КЛ7 со убедливи 23-29. Најдобри во Охрид беа Кривокапиќ со 7 гола и Тот со 6 погодоци, додека во КЛ7 се истакнаа Ѓорѓиев со 5 и Симоновски со 4 гола.
19:00 часот РК Работнички – РК Бутел Скопје 23-33 (полувреме 15-15)
Работнички и Бутел Скопје одиграа интересен меч кој заврши со победа на гостите 23-33. Најдобар кај победникот беше Мајиќ со 8 гола, додека кај Работнички најмногу се истакна Дука со 7 гола.



