13 годишната Сара Димоска игра фантастично во кадетската екипа на Аполда во Германија. Аполда е дел од регионалната лига во областа Турингер во Германија а нашата Сара деновиве е избрана да настапува со најдобрите ракометарки од областа Турингер.



Нејзините ракометни гени веројатно наговестуваат дека Сара ќе биде фантастична ракометарка како и нејзиниот вујко Дарио Петровски кој е член на Еурофарм Пелистер 2, а во минатото беше и ракометар на Струга.




