Веспрем славеше против Вардар со 35-27 (полувреме 15-12) во финалето на СЕХА лигата кој се игра во Задар. Најефикасен во Веспрем беше Ненадиќ со 5 гола додека одличен беше и нашиот Дејан Манасков со 4 гола од 4 обиди. Кај Вардар прв стрелец беше Калараш со 6 гола.



