Прилеп славеше против Голден Арт КЛ 7 со 28-23 (полувреме 16-12) во дуелот на новите суперлигаши. Избраниците на Горан Кузмановски играа подобро на овој меч и славеа победа против младиот тим на КЛ 7. Прилеп има закажано пријателски мечеви со Аеродром и Пролет, додека КЛ7 ќе игра против Тиквеш два натпревари.
Во Радовиш домаќинот славеше против Младост Богданци со 31-24. Наредниве денови овие два тима ќе одиграат уште една тест средба.



