Авантуристичкиот клуб Mountain Madness организира незаборавен викенд со многу авантура, забава и уживање. Планинарска тура до врвот Магаро и забава на плажата Бонанца. Акцијата започнува со стартна точка на Липова Ливада на 1 600мнв. Патеката е во должина од 9км и во време траење од 5часа во двата правци.
Галичица е планина сместена помеѓу двете нај големи езера во Републиката, Охридското и Преспанското Езеро. Врвовите на Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини. После завршувањето на планинарската акција забавата продолжува на плажата Бонанца. Не пропуштајте ја единствената можност во исти ден да бидете на врвот на планината и да се капете во Охридското Езеро.
ЗАБЕЛЕШКА:За време на акцијата за сите учесници влезот во Н.П Галичица ке биде слободен. Испочитувани се сите здравствени протоколи кои се на сила и преземени се сите мерки за заштита на здравјето на учесниците. Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Секој учесник оди на своја одговорност.



