Екипите на Еурофарм Пелистер и Металург само што го почнале натпреварот кој требаше да се игра во Маврово истиот го прекинале после само 8 минути игра.
Причината за прекинот бил лизгавиот паркет кој бил премачкан со средства за дезинфекција па теренот бил право лизгалиште на кој имало многу падови на ракометарите. Поради тоа двете екипи одлучиле да се прекине мечот со цел да се избегнат несакани повреди.



