Легендарниот италијански фудбалер, Андреа Пирло, влегува во тренерските води. Тој ќе биде тренер на тимот на Јувентус под 23 години, а на ова место ќе го замени Фабијан Пе.
Поранешниот играч од средниот ред на „црно-белите“ е подготвен да го преземе тимот што е всушност Б-тим на Јувентус и победник на Купот во Серија Ц.
Новинарот на „Скај Спорт “ известува дека Пирло во стручниот штаб ќе го има и Роберто Барони, кој воедно му е близок пријател.
Легендата на италијанскиот фудбал ја доби неговата тренерска лиценца на 27 септември 2018 година, а од тогаш ја чекаше вистинската понуда и сега е време за првиот ангажман како тренер, и тоа во својот поранешен клуб.



