Македонскиот голман Виктор Гигов имаше повторно фантастична сезона во Турскиот шампионат. Гигов сезонава со Анталијаспор стигна до четвртото место на табелата, пред федерацијата да означи крај на првенството.

Гигов и неговиот колега од голманската позиција примија најмалку голови во лигата, 345, а нашиот интернационалец имаше 34,5 проценти на одбранети удари. Анталијаспор следната сезона ќе игра во ЕХФ Купот.



