Вардар продолжува со комплетирањето на ростерот за наредната година. Mладинскиот репрезентативец Мартин Карапалевски и во новата сезона ќе остане дел од тимот на Вардар.
Ако остане само тој и новакот Анте Гаџа на позицијата среден бек тоа ќе значи доста минутажа за ова младо момче во наредната сезона. Останува да видиме дали ќе има уште трансфери во Европскиот Првак.



