Златко Хорват десното крило на репрезентацијата на Хрватска и капитенот на ППД Загреб е нов ракометар на Металург.
Хорват е договорен со Металург за една сезона, а повеќе информации од тимот се најавени наскоро. Хорват е еден од новите ракометари откако претходно пристигнаа Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ.



