Во организација на спортското риболовно друштво ,,Трофта“ синока во Дебар се одржа средба на спортските риболовци и заинтересирани граѓани на која е нагласено дека Министерството за земјоделие шумарство и водостопанство по издавање на концесија за рекреација и спортски риболов на дебарското езеро на СРД ,,Трофта“, да не издава и концесија за стопански риболов, бидејки дебарското езеро дава широки можности за развој на туризмот. Концесионерот кој го имаше езерото последните шест години направи хаос со стопанскиот риболов бидејќи вршеше риболов на незаконски начин и езерото има мал рибен фонд, а во наведениот период максиманло се намали бројот на спортските риболовци од сите градови на земјата како и од странство, што секако го оштетиезерскиот туризам.
На средбата е донесен заклучок во сабота да се одржи протест против давање на концесија за стопоански риболов, а воедно до министерството ке се достави и петиција со потписи на дебарчани. Претседателот на спортското риболовно друштво ,;Трофта“ Дрина Боцку соопшти дека на средбата со градоначалникот на Дебар Хекуран Дука добил силна поддршка а поддршка има добиено и од страна на Советот на Дебар кој претходно се спротистави на министерството во дебарското езеро да се дава концесија за стопоански риболов. Исто така е нагласено дека деновиве ке бидат отстранети сите рибни базени на претходниот концесионер застопански риболов кој и понатаму ги држи во езерото и прави напорти да повторно добие концесија. И да има таква концесија треба да се додели на заинтересирани од Дебар или на здружението беше речено на средбата а не на стариот концеионер.



