Глорија Бузау има големи амбиции за следната сезона, а дел од овој тим ќе биде македонскиот репрезентативен бековски двоец составен од Марија Штериова и Елена Ливриниќ која ќе и каже добредојде на репрезентативната колешка во тимот.
Штериова настапуваше во романскиот шампионат за тимот на Баја Маре каде имаше одлична сезона, но се реши за нов предизвик во кариерата. Покрај споменатите романски клубови, Марија играше уште за: Вац и Алба Фехервар, Волда Норвешка, Дунареа Браила од Романија, Кастамону од Турција и во Македонија за тимовите на Еуростандард Ѓорче Петров, Кометал Ѓорче Петров и Вардар.



