Ласко Андоновски ќе продолжи да го носи дресот на Тинекс Пролет откако договори продолжување на соработката со нашиот клуб. И оваа година како и во претходните сезони за услугите на Андоновски се интересираа неколку суперлигаши, но тој ги одби нивните понуди потврдувајќи ја својата лојалност кон Тинекс Пролет.
„Не е тајна дека сум презадоволен од условите во клубот за кој настапувам долги години. Преговорите траеја кратко бидејќи наша заедничка желба беше соработката да продолжи. Се надевам на успешна сезона и борба за излез во европските купови“, истакна Андоновски за клубскиот сајт.



