понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

Лут на РФМ – Претседателот на РК Охрид поднесе оставка

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 14, 2020
📁 Ракомет
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Луѓето од РК Охрид се гневни на РФМ, а оставка си поднесе претседателот на клубот, Димитар Василески кој е незадоволен од одлуките кои се донесени.

„Почитувани, сакам да ја известам спортската јавност дека денес поднесов оставка на функцијата Претседател на бордот на директори на ГРК Охрид како и на функцијата неизвршен директор во бордот. Директен повод за овој мој потег е нечесниот, неспортскиот и крајно лицемерниот однос на Ракометната федерација на Македонија кон нашиот клуб, однос кој кулминираше со вчерашната одлука на УО на РФМ за кроење на табелите и местата кои водат во Европските купови „нормално”, во тие и такви игри, комбинации и махинации губитник беше ГРК Охрид. Ако се потсетиме на досегашниот аршин кон нас, одлуката беше очекувана. ГРК Охрид е тим со убедливо најголема гледаност на домашен терен, клуб чии младински, кадетски и пионерски екипи се први или меѓу првите во своите старосни категории, клуб кој ги подмири своите долгови и кој редовно ги сервисира тековните трошоци. Но, од друга страна, ГРК Охрид е најказнуван клуб во лигата, клуб чии млади играчи волшебно се испуштани од вид кога се прават репрезентативните списоци за млади категории, клуб со процентуално најголемо намалување на ваучерот за даночно ослободубање… Капак на се ГРК Охрид беше единствен оштетен од вчерашното кроење и прекројување на лигите. Сите други екипи, на таа зелена маса си ги исполнија своите цели. Кој сакаше Лига Шампиони, ја доби,кој сакаше Лига Европа ја доби, кој сакаше излез во Европа-доби,кој сакаше опстанок-доби, кој сакаше влез во Супер лига-доби… Само Охрид грбав… Можеби бидејќи не игравме и се надевавме само на спортските терени, а не на зелените маси, преку разно-разни пријателски, кумовски и рекеташки лобирања. Ние тие игри не сакаме и не знаеме да ги играме. Веројатно е и нормално што изгубивме… Нека во служи на чест, дами и господа од РФМ… Лично, не можев и не можам да преминам преку тоа, да останам тивок и покорен. Не… Не и по цена да го напуштам клубот чиј подржувач и спонзор бев од самото основање. ГРК Охрид не треба и не смее да трпи заради вистината која ја кажувам пред цела спортска јавност. Затоа го напуштам. За слободно да можам да кажам дека РФМ е гнездо на рекеташи, на уценувачи и на луѓе кои во ракометот гледаат само личен (воглавно финансиски) интерес ,со чест на многу, многу ретки исклучоци. Заради такви како вас што само земаат, заминуваат такви како мене што само даваат… На моите соработници од управата, на тренерите и на играчите на ГРК Охрид им се заблагодарувам на досегашната прекрасна соработка и им посакувам бројни победи и успеси во иднина“, стои во образложението на оставката на доскорешниот претседарел  на бордот на директори на РК Охрид Димитар Василески.

Share20Tweet
Претходна вест

Печенковски и Мојсоски остануваат во Бутел

Следна вест

Сара Ристовска останува во ЦСКА Москва

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Сара Ристовска останува во ЦСКА Москва

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.