Ракометната Федерација на Македонија на вчерашниот состанок на УО донесе одлука со која во македонската Супер лига ќе се натпреваруваат 16 клубови, наместо досегашната бројка од 12.
Во најсилната лига влегуваат најуспешните шест екипи од Првата лига. Свое деби во Суперлигата ќе има и РК “Голден Арт КЛ7” кој од следната сезона станува суперлигаш.



