Македонскиот интернационалец кој настапува во РК Слобода се подготвува во Тузла и со својата девојка Јана учи германски јазик.
Управата на РК Слобода ги распушти играчите во средината на Март, поради пандемијата од коронавирусот, сите ракометари. Во своите земји заминаа и неколку странци, а единствен во Тузла остана инзворедниот македонски интернационален среден бек, Јован Талевски.
„Пред дваесетина дена, последнен замина дома русинот Рашит Каиумов и требаше заедно со него да отпатува до Истанбул и Талевски, па да се после префрли во Скопје. Обезбедивме и карта, но тој нас ни рече дека девојката му е овде. И додека размислуваше што да прави, а ние баравме друга карта, се затврорија границите, летовите се откажани, така да со виша сила Талевски остана во Тузла“ – изјави потпретседателот на РК Слобода, Дамир Беќировиќ.
Талевски и неговата девојка Јана Петровска се сместени во Хотел „Рудар“ во Туза, каде ќе го дочекаат крајот на пандемијата.
„Јана дојде овде на неколку денови од Словенија, каде што беше на специлизација на медицинскиот факултет. Поради ситуацијата со вирусот Словенија ги затвори границите и таа неможеше да се врати назад, па одлучивме да си одиме Скопје. Единствена опција ни беше да отпатуваме со авион. Управата од РК Слобода ни обезбеди карти, а единствен лет ни беше на релација Сараево – Истанбул – Скопје. Меѓутоа во Инстанбул требаше да чекаме 12 саати и бидејќи би биле изложени на контакт со многу луѓе на аеродромот во Инстанбул се откажавме и одлучивме да останеме овде“ – изјави Јован Талевски.
„Во оваа ситуација има и по нешто добро. Ние со Јана направивме план за секој ден ни биде исполнет. На пример, читаме книги, гледаме тв серии, секој ден мора да се тренира да би останал кондиционо спремен. Јана ме мотивира, бидејќи вежба со мене, се подржуваме еден со друг. Во текот на денот заедно и готвиме. А за да на нас ни биде секој ден максимално исполнет почнавме и да учиме нов јазик. Во овој случај учиме онлајн курс по германски јазик.“ – додаде Јован.








