Поради пандемијата коронавирус АТП и ВТА соопштија дека тенисот ќе биде замрзнат до 13. јули. Оваа одлука доаѓа откако беше откажан Вимблдон, како и сите турнири на трева.
„Здравјето и безбедноста на нашите играчи и на секој што е вклучен во нашите настани секогаш ќе биде од најголемо значење. Разочарани сме што го објавивме ова понатамошно одложување. Ние ќе продолжиме да им помагаме на организаторите“, гласи соопштението на АТП и ВТА.
Суспензијата се однесува на сите нивоа на тенис, како и на ИТФ фјучрс турнирите.



