Кошаркарите Лука Дончиќ и Двајт Пауел од Далас Маверикс донираа 500.000 долари на клупската фондација, кои ќе бидат донирани за да помогнат во воспитувањето на децата на здравствените работници, ангажирани во борбата со коронавирусот, објавија на клубската страна на Далас.

Средствата се наменети за здравствени работници кои се борат со пандемијата КОВИД-19 во болницата „Паркланд“.



