На натпреварот кој го организираше Европската Таеквондо Федерација на Г1 турнир, македонската таеквондо натпреварувачка Мила Рељиќ освои сребрен медал иако поради судиски грешки од бугарските судии можеше медалот да има и златен сјај.
Рељиќ во финалната борба загуби со резултат од 12:10 против натпреварувачка од Финска, а во еден период македонската репрезентативка имаше и водство од 8:1.
Сепак ова е огромен успех за Мила Рељиќ и нејзиниот тренер Александар Ефтимов каде на Г1 турнирот учествуваа повеќе од 1000 натпреварувачи од голем број земји.
Извор и фото: Taekwondo klub “Tigri – Skopje, Macedonia”



