Хувентуд на дуелот од Еврокупот против Уникаха стигна до победа од 101:86. Ненад Димитријевиќ доби солидна минутажа после повредата и притоа реализираше 12 поени (0/2 за три, 3/4 за два и 6/8 за еден поен), како и 5 асистенции и 1 скок.
Ова беше последниот меч од групната ТОП 16 фаза во Еврокупот, по кој Хувентуд го заврши својот настап во Европа со три победи и три порази. Со скор (4-2), понатаму од оваа „Х“ група, одат екипите на Тофаш и на Уникаха.



