Француски Монпелје е екипата со која Вардар ќе го заврши играњето во групната фаза во Лигата на шампионите и ќе мисли за следниот ривал во Топ-16 фазата. Во сабота во СЦ „Јане Сандански” нашиот тим го игра мечот од 14 коло во Б групата.
Сезонава на почетокот нагости во Франција Вардар победи со 33-31. Сега ја затвораме групната фаза од Лигата на Шампионите и од овој дуел ќе зависи и кое место ќе го освоиме. Во зависност од овој меч и оној во Белорусија меѓу Мешков и Порто, ние на крајот може да биде и петтопласирани во групата.
„Нè очекува тежок натпревар во сабота. Нашата примарна цел и пласман во осминафинале ја остваривме против Мотор. Имавме нови проблеми со вироза, двајца ракометари беа болни и не можевме да направиме квалитетен тренинг. Тоа нема да биде изговор за оправдување. Ќе го дадеме максимумот на терен на оваа средба. Она што можеме да кажеме во моментов е дека ќе се бориме максимално за секоја топка. Ние сме домаќини и европски шампиони, но ситуацијата во која се наоѓаме не ни дава за право да кажеме дека сме фаворити. Проблемите кои ги имавме и здравствените од оваа недела ни оставаат една мала резерва”, вели Стефче Алушовски, тренерот на Вардар
Нашиот тим има проблеми со играчкиот кадар, па иако Горбок и Калараш имат настинка и не одработеа некои тренинзи се очекува да бидат во тимот во сабота.
„Ситуацијата е таква каква што е. Играме дома против Монпелје кој е апсолутен фаворит на средбата. Наше е дадеме сè од себе на терен и да се обидеме да извлечеме колку е можно подобар резултат и да ги изненадиме”, вели Стојанче Стоилов, капитенот на Вардар.
Билетите за натпреварот со Монпелје се веќе во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.
Натпреварот се игра во сабота во 17,30 чаот.



