Македонската кошаркарска репрезентација одигра одлично на гостувањето против моќната Русија, но бодовите останаа за домаќинот. Мечот беше решен во последната минута кога Русија влезе со само +3 позитива, но нашите кошаркари направија неколку грешки и не искористија голема шанса. Конечниот резултат на крајот гласеше 77-67 во корист на Русија.
Најефикасни кај нас беа Магдески и Витингтон со по 14 поени, додека во Русија најдобар беше Фридзон со 23 коша.




