Младиот ракометар Ненад Костески и ППД Загреб се договорија оваа сезона да ја доигра на двојна регистрација и да помогне на лидерот во Хрватскиот шампионат ХРК Горица во борба за што повисок пласман.
Ненад Костески уште на првите два меча за Горица одигра максимално добро. На првиот меч Горица славеше против Дубровник со 39-26, а Ненад Костески постигна 2 гола од 2 обиди. Вчера на гостувањето во Ријека, Ненад Костески постигна исто така 2 гола од 2 обиди, но неговата Горица загуби во пеколниот амбиент во Ријека против Замет со 33-30.




