Најдобриот женски кошаркарски колектив во Mакедонија, екипата на ЖКК Бадел 1862 ќе реализира голем проект насловен како ,,Растеме со кошарката”.
Цел на проектот е психосоцијална поддршка на кошаркарките во ЖКК Бадел 1862 во насока на раст и развој на индивидуата и тимот како група.
Психичкото и физичкото здравје се подеднакво значајни во спортот и затоа по примерот на светските големи спортски брендови, баделки се одлучија да го следат тој позитивен пример и да им овозможат на младите кошаркарки подршка од ваков тип на проекти.
Работилниците ќе ги опфатат младите кошаркарки од 14 до 18 годишна возраст. Начинот на работа ќе се одвива преку програма за раст и развој во области на интерес на младата популација, дискусии, креативни работилници итн.
Реализацијата на програмата ќе ја овозможат психолозите Андријана Павловска Темелковска и Сандра Крстиќ, под менторство на искусниот училишен психолог и психотерапевт Ана Попризова.



