Ракометарите на Вардар и покрај многуте проблеми кои ги имаат стигнаа до победа во Лигата на Шампионите против Мотор со 38-28 (полувреме 16-11).
Најдобар во Вардар беше Скубе со 8 погодоци, Чупиќ даде 6, додека Дибиров и Горбок запишаа по 5 гола. Голманот Марко Кизиќ собра 13 одбрани. Кај Мотор најефикасен беше Пухоски со 6 голови.




